Ethno & LeOne

Ethno & LeOne

Се прикажуваат сите 4 резултати

  • Ethno Muscat

    Полусуво бело вино од сортата  Мускат. Се одликува со жолто-златна боја и изразена арома на зрели цитрусни овошја и бела праска придружени со цветни мускатни ароми и багрем. Ароматично вино со средно тело, освежувачка киселина и долготраен пријатен завршеток.
    Се комбинира со салати и лесни јадења од зеленчук или се ужива во самото вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Ethno Vranec

    Полусуво црвено вино произведено од сортата Вранец. Се одликува со интензивна рубин боја, преовладуваат овошни ароми на зрели црни сливи и зрели цреши. Вино со средно тело и со меки, свиленкасти танини, хармонични киселини и пријатен послевкус.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвени сосови и избор од полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • LeOne Cuvee de Blancs

    Суво бело вино произведено како бленд од Шардоне и Ризлинг. Се одликува со светла жолта боја со зеленкасти тонови. Преовладуваат овошни ароми на цитрус и бело коскесто овошје со нијанси на саќе од мед и бели цвеќиња. Вино со средно тело и освежувачка киселост, мека текстура и фин завршеток.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба, морска храна и салати.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • LeOne Cuvee de Noirs

    Суво црвено вино произведено како бленд од Каберне Совињон, Мерло и Пино Ноар. Се одликува со рубин боја и изобилува со овошни ароми од ситнозрнесто црвено овошје, цреши и какао ноти. Елегантно вино со полно тело, екстрактивно и со меки и сомотести танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо и избор на полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе