Constellation

Constellation

Constellation е колекција на премиум тероар вина произведени од најдобрите лозја на микро-локации во близина на винаријата. Винификацијата и ферментацијата се работени до најситен детал, а понатамошното зреење е во буриња од француски и американски даб. Стилот на енологот и уникатноста на виногорјето ја наговестуваат подготвеноста на оваа колекција на софистицирани и комплексни вина за светски вински подвизи.

Се прикажуваат сите 5 резултати

  • Constellation Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со кристалнa светло-жолта боја. На нос се забележува пријатна свежина на ароми на младо тропско овошје како млада банана и штотуку исечен ананас надополнети со дискретни тонови на ванила. Вкусот нуди повторно широка палета на тропско овошје и диња надополнети со зачински тонови на каранфилче, бел бибер и пријатна горкост на кора од грејпфрут која му дава дополнителена комплексност на долгиот послевкус. Елегантно вино со полно тело и свежи и пријатни киселини.
    Се комбинира со паста со бели сосови, специјалитети од пилешко и мисиркино месо, риба и морски плодови.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Constellation Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино добиено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со длабока рубин црвена боја со темно црвени нијанси. Изразени ароми на ситнозрнесто црвено овошје и црвена пиперка надополнети со зачински ноти на црн бибер. На вкус изобилува во црвено овошје и печени црвени пиперки надополнет со зачински ноти на мелен сладок корен кои му даваат дополнителна комплексност. Многу богато и екстрактивно вино со полно тело, меки и сомотести танини поткрепени со добри киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Constellation Merlot

    Суво црвено вино добиено од сортата Mерло. Се одликува со интензивна црвена рубин боја. Експлозија на црвено овошје на нос – ароми на млади црвени цреши и црвени сливи надополнети со тонови на нане, лешници и ванила кои му даваат дополнитена комплексност. На вкус се откриваат вкусови на црвено овошје како дренки и поттонови на лисје, темно чоколадо и послевкус на зрна од кафе. Вино со полно тело и меки, сомотести и добро интегрирани танини и хармонична киселина.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвен сос и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Constellation Vranec

    Суво црвено вино добиено до сортата Вранец. Се одликува со длабока рубин црвена боја со виолетови нијанси. Атрактивно и комплексно на нос, открива раскошни ароми на црвено и црнозрнесто овошје – цреши, боровинки и темни сливи надополнети со поттонови на сушени листови на тутун и кедрово дрво. Елегантно вино со полно тело и интензивни вкусови на црвени цреши и зачински ноти на црвен пипер, мока и долготраен послевкус. Овој Вранец е со одлична структура, сомотести танини и хармонична киселина кои ќе придонесат виното да има потенцијал за зреење во годините кои доаѓаат.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, телешко филе и дивеч.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Constellation Cuvee Red

    Суво црвено вино добиено како бленд на Вранец, Кабарне Совињон и Мерло. Се одликува со длабока рубин боја.  Атрактивно и комплексно вино кое открива раскошни ароми на ситнозрнесто овошје како боровинки, црна рибизла и вишна надополнети со зачински ноти на црн бибер, мелено кафе и поттонови на ловоров лист, морско оревче и ванила.  Вино со одлична структура, моќен полн вкус, елегантни танинии и извонредно долг послевкус. Одличен баланс на танинска структура и  хармонична киселина кои ќе придонесат виното да има потенцијал за зреење во годините кои доаѓаат.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, телешко филе и дивеч.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе