Нашите лозја

Нашите лозја

Производството на вино во Македонија е традиција стара околу 3000 години. Поволните климатски услови во земјата како и плодната почва допринесуваат оваа традиција да продолжи и денес. Незаборавната природа со прекрасни пејсажи, бистри езера и реки надополнети со пространства на лозови насади ја влистуваат Македонија во светот како мала земја на одлични вина.

Винскиот регион Повардарие се наоѓа на иста географска должина како и најдобрите вински региони во светот – Бордо (Франција), Тоскана (Италија) и долината Напа (САД).  Нашите лозја  и лозјата на нашите кооперанти се наоѓаат во овој вински регион, во виногорјата Овчеполе и Тиквеш. Повардарскиот вински регион нуди многу сончеви денови во текот на годината, особено во последните фази од зреењето на грозјето, долга и топла есен, и блага зима. Климатските услови се многу поволни со просечно 2.293 сончеви саати во годината и просечни температури помеѓу 12,4–14,8 °C.

Повардарскиот вински регион  овозможува лозовите насади да го апсорбираат најдоброто од него поради оптималната изложеност на сонце и јужни ветрови, додека околните планини имаат заштитна функција од ладните северни ветрови. Овој спој на клима и местоположба заедно со карактеристиките на тероарот допринесуваат за избалансиран процес на зреење кој резултира во грозје кое е совршено за производство на вина со изразени овошни карактеристики и структури.

Винаријата Имако Вино поседува сопствени лозја, а дел од грозјето го снабдува од лозјата на своите долгогодишни кооперанти кои се наоѓаат исто така во Повардарскиот вински регион.  На овој начин винаријата секоја година обезбедува грозје со соодветен квалитет, што пак допринесува кон производство на одлични вина.