Нашата визба

Нашата визба

Винарската визба Имако Вино се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Тоа е вински регион со долговековна традиција на производство на вино, живописно поднебје исполнето со сончеви денови. Во ДНК-та на нашите лозја и нашиот народ е запечатена непопустливата желба да се покаже најдоброто од ова поднебје и производство на првокласни вина.

Во 2002, предводено од претпримечкиот дух на основачот, кој силно мотивиран од желбата ја продолжи фамилијарната традиција за производство на вино, да допринесе за развој на македонската винска индустрија, и убеден во извонредноста на нашата земја и нејзината клима, Др.Ристо Љуботенски ја основа винаријата Имако Вино.

Постојаниот раст од основањето во 2002 година до денес, ја промовира Имако Вино како една од најголемите винарски визби во Македонија со годишно производство од над 10 милиони литри вино. Со производство на грозје на 650ха лозови насади, Имако Вино произведува вино од автохтони и интернационални сорти на грозје. Додатно како резултат на нова инвестиција во модерна дестилерија, портфолиото на производи се прошири со асортиман на ракија и жестоки пијалоци.