Majestic

Majestic

Majestic е колекција вина од селекциона берба на грозје кои ги претставуваат вариеталните карактеристики на сортата и локалитетот на плантажата од која доаѓаат. Зголемен фокус кон квалитетот на виното преку внимателниот избор на грозје, селектирана берба и стилот на винарските практики кои резултираат во вина со елегантна комплексност и структура, изразеност на ароми и балансираност во вкусот.

Showing all 8 results

  • Majestic Temjanika

    Полусуво ароматно бело вино добиено од сортата Темјаника. Се одликува со кристална лимон –жолта боја. Носот открива раскошни мириси на бозел, саќе, бела праска и бело цвеќе каде доминираат кринови. Вкусот е богат и изобилува во коскесто овошје и мед, и послевкус на сочна кандирана кора од лимон и зачински завршеток на бел бибер. Свежо вино со полно тело и хармонична и пријатна киселина.
    Се комбинира со лесни предјадења, салати, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Read more
  • Majestic Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со златно-жолта боја. На нос се откриваат ароми на зрела дуња, јаболка и ананас кои преминуваат во цветни ноти и нежна арома на ванила. Вино кое е со полно тело и  долготраен сладникав послевкус.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, морски плодови на скара, паста со бели сосови и селектирани кашкавали.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Read more
  • Majestic Traminec

    Полусуво бело вино произведено до сортата Траминец. Се карактеризира со жолтa боја со зелени нијанси. На нос изобилува со арома на цитрусно и коскесто овошје надополнето со цветни ноти. Вкусот е богат со изобилство на цитрусни овошјa, бела праска и мускатен финиш. Свежо вино со полно тело и пријатна киселина.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, морски плодови на скара, паста со бели сосови и селектирани кашкавали.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Read more
  • Majestic Pinot Noir

    Суво розе вино добиено од сортата Пино Ноар. Се одликува со лосос боја и ароми на ситнозрнесто црвено овошје каде доминираат малина и дива шумска јагода. На вкус изобилува во ароми на крцкаво ситнозрнесто овошје како рибизла и млади вишни, сето ова поткрепено со пријатна киселина.
    Се комбинира со црвена пастрмка, морски плодови на скара, салати со чери домати и паста со црвени сосови.
    Препорачана температура на служење: 12-14 °С

    Read more
  • Majestic Vranec

    Суво црвено вино добиено од сортата Вранец. Се одликува со интензивна рубин црвена боја со виолетови нијанси. На нос се откриваат ароми на темно зрнесто овошје како дива капина, сина слива и тонови на тутун. Вкусот е со богат екстракт и изобилува во ароми на темно ситнозрнесто шумско овошје и какао, проследен со долготраен послевкус на темно чоколадо и каранфилче. Елегантно вино со полно тело, висок екстракт и меки  танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, печен дивеч и полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Majestic Merlot

    Суво црвено вино произведено од сортата Мерло. Се карактеризира со рубин црвена боја. На нос се откриваат ароми на црвено ситнозрнесто овошје, боровинка и ноти на чоколадо. На палета се откриваат вкусови на малина, слива и темно чоколадо кое води кон сладникав завршеток. Вино со средно тело, добро интегрирани свиленкасти танини и хармонични киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвен сос и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Majestic Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино произведено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со длабока црвена боја со виолетови нијанси. На нос открива арома на вишна, слива и темна рибизла придужено со зачински ноти на црн бибер. Вкусот ги следи аромите со поизразени овошни карактеристики и нагласен зачински завршеток  што кои му даваат дополнителна комплексност. Вино со полно тело, свиленкасти и добро интегрирани танини и хармонични киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Majestic Princeza

    Полусуво црвено вино произведено како бленд од Каберне Совињон, Вранец и Кадарка. Се одликува со рубин црвена боја.  На нос се откриваат ароми на црвено зрнесто овошје, зрела слива и цреша како и зачински ноти на црн бибер. Палетата ги следи аромите од нос нудејќи вкус на рибизла и зрела слива придружени со зачински ноти на мелен сладок корен.  Екстрактивно вино со средно тело и нежни  танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо , паста со црвени сосови и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење:  16-18 °С

    Read more