DW Collection

DW Collection

DW wines – колекција на десертни вина, секое уникатно на свој начин! Фортифицирани вина од доцна берба, кои имаат луксузна и богата текстура, изразени ароми и вкусови, и поголем степен на алкохол и шеќерност.

Се прикажуваат сите 3 резултати

  • DW Muscat White

    Десертно фортифицирано вино добиено од сортата Мускат Отонел. Се одликува со златно-килибарна боја и ароми на сируп од бозел, темен мед, карамела, дуња и поттонови на ванила и цимет. Раскошно вино со полно тело и сладок вкус на сушена кајсија, дуња, надополнето со тофи поттонови и добри киселини.
    Се комбинира со пита од јаболка, сутлијаш со цимет, пана кота, крем бруле и десерти со карамела.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • DW Port Macedonian

    Десертно фортифицирано вино добиено од интернационалните сорти Ризлинг и Шардоне, како и регионалните: Жупјанка, Жилавка и Смедеревка. Се одликува со килибарна боја и ароми на мед, карамела, слатко од дуња и поттонови на ванила. Вино со полно тело каде се испреплетуваат вкусови на сушени кајсии, кандирана кора од портокал, поткрепено со добра киселина и долготраен послевкус на карамела.
    Се комбинира со туфахија (печено јаболко со ореви и крем), сутлијаш со цимет, крем бруле и десерти со карамела и кафе.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • DW Kagor

    Десертно фортифицирано вино добиено од сортата Вранец надополнето со хербален екстракт од локални македонски треви. Се одликува со темно кафена боја со црвеникави нијанси. Ароми на темно сушено овошје и хербални тонови од кои  доминираат нане и листови на црна боровинка. Раскошно на вкус со ароми на течно чоколадо, сладок корен, бонбони со путер и карамела и долг послевкус на зрна кафе. Бујно и богато вино, нежно слатко и добро избалансирано со пријатни киселини.
    Се комбинира со чоколадни минт бомбони, чоколадни тартуфи и десерти со какао.
    Препорачана температура на служење:  12-14 °С

    Прочитај повеќе