Приказната на Имако Вино започнува во 2002 година, водена од визијата и желбата на Др. Ристо Љуботенски да ја продолжи семејната традиција и да го покаже потенцијалот на македонското вино. Сместена во срцето на Овчеполското виногорје, во рамките на Повардарскиот регион, винаријата припаѓа на поднебје каде сонцето, земјата и традицијата создаваат вина со изразен карактер. Нашата филозофија е едноставна, но внимателно изградена – да создаваме вина што се префинети и богати по израз, а истовремено лесни за уживање и споделување.

Секоја капка поминува низ 20-метарската колона во дестилеријата за производство на алкохолни пијалоци со врвен квалитет. Во срцето на дестилеријата се наоѓа континуирана двојна дестилациона колона изработена од бакар и инокс, која овозможува контролирана дестилација и производство на дестилат со највисока чистота. Овој современ пристап овозможува прецизност и конзистентност во секој процес на производство. Ретка технологија што ја издвојува дестилеријата и овозможува производство според највисоки современи стандарди.

Потоа, времето го прави своето. Зреењето во дабови буриња ја заокружува структурата, додава длабочина и го обликува препознатливиот ароматичен профил. Различните периоди на зреење, како и видовите дабови буриња кои се користат, создаваат дестилати со уникатен стил и ароматични карактеристики.
Резултатот се дестилати со карактер – создадени за уживање, споделување и вистински моменти.
Занает што се чувствува во секоја капка.
Во Имако, нашата страст за извонредност продолжува и во уметноста на дестилацијата. Создаваме дестилати што ја носат истата филозофија како и нашите вина – баланс помеѓу традицијата, занаетот и современиот пристап. Од внимателно одбрано грозје, преку прецизен процес на дестилација, создадаваме 100% вински дестилати со чист карактер и префинет вкус. Секоја фаза од процесот е водена од посветеност кон квалитет, автентичност и доследност.