Нашиот тим

Нашиот тим

Работејќи заедно за да обезбедиме продолжување на нашите традиции и да ги соединиме со иновативно производство на вино, винаријата Имако Вино останува посветена на својата основачка филозофија. Успехот на винаријата е изграден врз капацитетот и стручноста на нашите вработени, енолози, винари, лозари и менаџерски тимови кои настојуваат да произведат вина со врвен квалитет кои ќе бидат препознатливи и признени ширум светот.

Тимот на агрономи го посветува својот труд и работа со цел да обезбеди здраво зреење на грозјето и успешни берби како денес така и во иднина. Исто така, тие блиско соработуваат со нашите кооперанти со цел да ги надгледуваат и насочуваат во сите аспекти во процесот на одгледување на грозје и контрола на квалитетот. Агрономите се суштинска врска во процесот на производство на вино и почетна точка за секоја реколта и секое шише вино.

Од секое зрно грозје до вкусна капка вино, тимот на енолози е тој којшто го посветува својот ентузијазам и труд во производството на одлични вина. Нашите енолози се потпираат на искуството во производство на вино од ,,стариот свет”, но го надополнуваат со модерните технологии и пракси. Важен аспект во нивната работа се производство на вина со одличен квалитет и доследност на тој квалитет од година во година. Но исто така, енолозите се посветени и на производството на врвни вина кои ќе ги отсликаат спецификите на сортите грозје, карактеристиките на тероарот и самата реколта.

Исто така, големо внимание е посветено на контролата на квалитетот на нашиот краен производ. Во хемиската и микробиолошката лабараторија на винаријата се обезбедува постојан мониторинг и контрола на виното. Имако Вино е сертифициран со ISO 22000:2005 стандард за производство на безбедна храна и HACCP.

Работејќи заедно за да обезбедиме продолжување на нашите традиции и да ги соединиме со иновативно производство на вино, винаријата Имако Вино останува посветена на својата основачка филозофија. Успехот на винаријата е изграден врз капацитетот и стручноста на нашите вработени, енолози, винари, лозари и менаџерски тимови кои настојуваат да произведат вина со врвен квалитет кои ќе бидат препознатливи и признаени ширум светот.