Unity

Unity

UNITY се вкусни и искрени вина наменети за секој вински консумент кои ја искажуваат уникатноста на нашето поднебје и ги изразуваат овошните карактеристики на секоја сорта. Вина со одлична структура, изразени овошни ароми и прекрасен баланс кои се наменети за секојдневна консумација и широка потрошувачка.

Прикажувам 1–9 од 10 резултати

  • Unity Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува светла златна боја и ароми на зрела жолта јаболка, круша и сочен портокал. Вино со полно тело кое на вкус покажува тропско овошје и суптилни минерални ноти, пријатна свежина, а сето ова е проследено со хармонична киселина.
    Се комбинира со паста со бели крем сосови, специјалитети од бело месо како пилешко и мисирка, риба и морски плодови.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Riesling

    Суво бело вино добиено од сортата Ризлинг. Се одликува со зеленикаво-жолта боја и ароми на цитрусно овошје , слатки лимонови ноти, бело цвеќе и  лесни зачински тонови. Вино со средно тело и пријатна свежина, мека текстура и полн завршеток.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба и морска храна и салати.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Muscat

    Полуслатко бело вино добиено од сортата Мускат Отонел. Се карактеризира со златно-жолта боја и изразени овошно-цветни ароми на бозел, зрело цитрусно овошје и саќе од мед.  Вино со средно тело кое има прекрасно избалансиран вкус, сладост и поткрепено со пријатна освежувачка киселина и фин завршеток.
    Се комбинира со свежи салати и лесни јадења со зеленчук, а може да се консумира и ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Temjanika

    Суво бело вино добиено од сортата Темјаника. Се одликува со светла жолта боја.  Препознатливата арома на мускат и цвет од бозел (elderflower) е перфектно изразена, но и надополнета со овошност и нежни зачински ноти. Вкусот е со извонредна свежина и избалансиран со заводиливи ноти на цитрусно овошје.

    Се комбинира со лесни предјадења, салати, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Pinot Grigio

    Суво бело вино добиено од сортата Пино Гриџо. Се одликува со светла зеленикаво-жолта боја, ароми на зелена јаболка, цитрус и ноти на зелена пиперка (green bell pepper), а сето тоа надополнето со елегантна минералност.  Вино со пријатна свежина, мека текстура и фин завршеток.

    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба и морска храна и салати, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С.

    Прочитај повеќе
  • Unity Rose

    Суво розе вино добиено од сортата Мерло. Се одликува со светла розе боја, деликатна овошност на црвени зрнести плодови како малина,  шумска јагода и сочна црвена јаболка. Вино со елегантна структура, пријатна свежина и завршеток.

    Се комбинира со салати ,  паста со лесни сосови, морски плодови на скара, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 12-14 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино добиено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со длабока рубин боја со темно црвени нијанси. Вино кое изобилува со ароми на зрнесто овошје како црна рибизла, зрела вишна и поднота на темјанушка.  Елегантни танини кои се избалансирани со хармонична сладост и киселини.
    Се комбинира со јадења со црвено месо, паста Болоњезе и избор на полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Merlot

    Суво црвено вино добиено од сортата Мерло. Се одликува со рубин црвена боја и ароми на црвени цреши и сливи. На вкус изобилува со овошни ароми на дренки и мелено какао со долготраен послевкус. Вино со средно тело, меки танини и хармонична киселина.
    Се комбинира со специјалитети од месо, месо на скара и паста со црвени сосови.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Pinot Noir

    Суво црвено вино добиено од сортата Пино Ноар. Се одликува со прекрасна црвена боја и изразена овошност со сочни вкусови на малина и цреша надополнети со нежна зачинска нота. Елегантно вино со меки танини и хармонична киселина придружени со пријатен долготраен послевкус.
    Се комбинира со полномасно сирење, пршута, специјалитети од месо вклучувајќи патка и дивеч.
    Препорачана температура на служење: 12-16 °С

    Прочитај повеќе