.

.

Прикажувам 1–9 од 45 резултати

  • Unity Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува светла златна боја и ароми на зрела жолта јаболка, круша и сочен портокал. Вино со полно тело кое на вкус покажува тропско овошје и суптилни минерални ноти, пријатна свежина, а сето ова е проследено со хармонична киселина.
    Се комбинира со паста со бели крем сосови, специјалитети од бело месо како пилешко и мисирка, риба и морски плодови.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Riesling

    Суво бело вино добиено од сортата Ризлинг. Се одликува со зеленикаво-жолта боја и ароми на цитрусно овошје , слатки лимонови ноти, бело цвеќе и  лесни зачински тонови. Вино со средно тело и пријатна свежина, мека текстура и полн завршеток.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба и морска храна и салати.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Muscat

    Полуслатко бело вино добиено од сортата Мускат Отонел. Се карактеризира со златно-жолта боја и изразени овошно-цветни ароми на бозел, зрело цитрусно овошје и саќе од мед.  Вино со средно тело кое има прекрасно избалансиран вкус, сладост и поткрепено со пријатна освежувачка киселина и фин завршеток.
    Се комбинира со свежи салати и лесни јадења со зеленчук, а може да се консумира и ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Temjanika

    Суво бело вино добиено од сортата Темјаника. Се одликува со светла жолта боја.  Препознатливата арома на мускат и цвет од бозел (elderflower) е перфектно изразена, но и надополнета со овошност и нежни зачински ноти. Вкусот е со извонредна свежина и избалансиран со заводиливи ноти на цитрусно овошје.

    Се комбинира со лесни предјадења, салати, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Pinot Grigio

    Суво бело вино добиено од сортата Пино Гриџо. Се одликува со светла зеленикаво-жолта боја, ароми на зелена јаболка, цитрус и ноти на зелена пиперка (green bell pepper), а сето тоа надополнето со елегантна минералност.  Вино со пријатна свежина, мека текстура и фин завршеток.

    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба и морска храна и салати, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С.

    Прочитај повеќе
  • Unity Rose

    Суво розе вино добиено од сортата Мерло. Се одликува со светла розе боја, деликатна овошност на црвени зрнести плодови како малина,  шумска јагода и сочна црвена јаболка. Вино со елегантна структура, пријатна свежина и завршеток.

    Се комбинира со салати ,  паста со лесни сосови, морски плодови на скара, а може да се ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 12-14 °С

    Прочитај повеќе
  • Магнум бело

    Магнум Бело е суво бело вино добиено како бленд на сортите Смедеревка и Ризлинг. Прекрасна лимон-жолта боја, изразени ароми на цитрусно овошје и зелено јаболко. Вино со средно тело, пријатна свежина, мека текструра и убав завршеток.

    Одлично секојдневно вино кое може да се комбинира со салати, јадења со бело месо, риба и добро разладен шприцер.

    Препорачана температура на служење: 8 -12 °С.

    Прочитај повеќе
  • Магнум црвено

    Магнум Црвено е суво црвено вино добиено како бленд на сортите Вранец и Каберне Совињон. Прекрасна рубин црвена боја и изразени овошни ароми на зрнесто овошје, зрела слива и зачински ноти. Вино со средно тело, хармоничен вкус и пријатен завршеток.

    Одлично секојдневно вино кое може да се комбинира со печени црвени меса, скара, паста со црвени сосови и традиционални македонски јадења.

    Препорачана температура на служење: 16 -18 °С.

    Прочитај повеќе
  • Constellation Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со кристалнa светло-жолта боја. На нос се забележува пријатна свежина на ароми на младо тропско овошје како млада банана и штотуку исечен ананас надополнети со дискретни тонови на ванила. Вкусот нуди повторно широка палета на тропско овошје и диња надополнети со зачински тонови на каранфилче, бел бибер и пријатна горкост на кора од грејпфрут која му дава дополнителена комплексност на долгиот послевкус. Елегантно вино со полно тело и свежи и пријатни киселини.
    Се комбинира со паста со бели сосови, специјалитети од пилешко и мисиркино месо, риба и морски плодови.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе