Merakliska
Мераклиска е лозова ракија создадена од внимателно селектиран вински дестилат и созревана во дабови буриња, со богат и препознатлив карактер. Ароматичниот профил открива ноти на ванила, мед и тостиран даб, кои ѝ даваат длабочина и пријатна комплексност. Вкусот е полн, мек и заоблен, надополнет со топла и долготрајна завршница што ја истакнува нејзината автентичност и питкост. Создадена како вистински израз на мерак, за споделени моменти, добра храна и друштво што се памети.
Одлично се комбинира со традиционални јадења и мезе, а во неа може подеднакво да се ужива и самостојно.
Препорачана температура на сервирање: 12-16°C.
КАТЕГОРИЈА
Жестоки пијалоци
Дополнителни информации:
Алкохол: 40%
Волумен: 0.1 L • 0.2 L • 0.5 L • 0.7 L • 1 L
Достапно и во украсно пакување:
Merakliska 1L со две автентични чаши за ракија.
