.

.

Showing 19–27 of 45 results

  • Majestic Merlot

    Суво црвено вино произведено од сортата Мерло. Се карактеризира со рубин црвена боја. На нос се откриваат ароми на црвено ситнозрнесто овошје, боровинка и ноти на чоколадо. На палета се откриваат вкусови на малина, слива и темно чоколадо кое води кон сладникав завршеток. Вино со средно тело, добро интегрирани свиленкасти танини и хармонични киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвен сос и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Majestic Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино произведено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со длабока црвена боја со виолетови нијанси. На нос открива арома на вишна, слива и темна рибизла придужено со зачински ноти на црн бибер. Вкусот ги следи аромите со поизразени овошни карактеристики и нагласен зачински завршеток  што кои му даваат дополнителна комплексност. Вино со полно тело, свиленкасти и добро интегрирани танини и хармонични киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Majestic Princeza

    Полусуво црвено вино произведено како бленд од Каберне Совињон, Вранец и Кадарка. Се одликува со рубин црвена боја.  На нос се откриваат ароми на црвено зрнесто овошје, зрела слива и цреша како и зачински ноти на црн бибер. Палетата ги следи аромите од нос нудејќи вкус на рибизла и зрела слива придружени со зачински ноти на мелен сладок корен.  Екстрактивно вино со средно тело и нежни  танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо , паста со црвени сосови и селектирани полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење:  16-18 °С

    Read more
  • Black Diamond Vranec

    Суво црвено вино добиено од сортата Вранец, зреено во дабови буриња 18 месеци. Арома на пријатна блажина на даб која се прелева во ароми на темно шумско овошје, црни сливи и црвена пиперка. На вкус има слоеви на темно ситнозрнесто овошје, џем од сливи, како и темно чоколадо со поттонови на сушени лисја од тутун и зачинска слатка нота. Елегантно и големо вино со пријатни киселини и свиленкасти танини кои ќе придонесат виното да има потенцијал за зреење во годините кои доаѓаат.
    Се комбинира со специјалитети од месо како печено јагнешко, говедско и срнечко.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Ethno Muscat

    Полусуво бело вино од сортата  Мускат. Се одликува со жолто-златна боја и изразена арома на зрели цитрусни овошја и бела праска придружени со цветни мускатни ароми и багрем. Ароматично вино со средно тело, освежувачка киселина и долготраен пријатен завршеток.
    Се комбинира со салати и лесни јадења од зеленчук или се ужива во самото вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Read more
  • Ethno Vranec

    Полусуво црвено вино произведено од сортата Вранец. Се одликува со интензивна рубин боја, преовладуваат овошни ароми на зрели црни сливи и зрели цреши. Вино со средно тело и со меки, свиленкасти танини, хармонични киселини и пријатен послевкус.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвени сосови и избор од полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • LeOne Cuvee de Blancs

    Суво бело вино произведено како бленд од Шардоне и Ризлинг. Се одликува со светла жолта боја со зеленкасти тонови. Преовладуваат овошни ароми на цитрус и бело коскесто овошје со нијанси на саќе од мед и бели цвеќиња. Вино со средно тело и освежувачка киселост, мека текстура и фин завршеток.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба, морска храна и салати.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Read more
  • LeOne Cuvee de Noirs

    Суво црвено вино произведено како бленд од Каберне Совињон, Мерло и Пино Ноар. Се одликува со рубин боја и изобилува со овошни ароми од ситнозрнесто црвено овошје, цреши и какао ноти. Елегантно вино со полно тело, екстрактивно и со меки и сомотести танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо и избор на полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more
  • Unity Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино добиено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со длабока рубин боја со темно црвени нијанси. Вино кое изобилува со ароми на зрнесто овошје како црна рибизла, зрела вишна и поднота на темјанушка.  Елегантни танини кои се избалансирани со хармонична сладост и киселини.
    Се комбинира со јадења со црвено месо, паста Болоњезе и избор на полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Read more