.

.

Прикажувам 28–36 од 45 резултати

  • Unity Merlot

    Суво црвено вино добиено од сортата Мерло. Се одликува со рубин црвена боја и ароми на црвени цреши и сливи. На вкус изобилува со овошни ароми на дренки и мелено какао со долготраен послевкус. Вино со средно тело, меки танини и хармонична киселина.
    Се комбинира со специјалитети од месо, месо на скара и паста со црвени сосови.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Pinot Noir

    Суво црвено вино добиено од сортата Пино Ноар. Се одликува со прекрасна црвена боја и изразена овошност со сочни вкусови на малина и цреша надополнети со нежна зачинска нота. Елегантно вино со меки танини и хармонична киселина придружени со пријатен долготраен послевкус.
    Се комбинира со полномасно сирење, пршута, специјалитети од месо вклучувајќи патка и дивеч.
    Препорачана температура на служење: 12-16 °С

    Прочитај повеќе
  • Unity Vranec

    Суво црвено вино добиено од сортата Вранец. Се одликува со средна до длабока рубин боја.  Изобилство на овошни ароми како цреша, црна боровница и ситнозрнесто црно овошје надополнето со зачински ноти на мелен црн бибер и кедар. Вино со полно тело, меки танини и пријатна киселина.
    Се комбинира со јадења со црвено месо, дивеч и полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Смедеревка

    Суво бело вино произведено од автохтона сорта грозје Смедеревка. Се карактеризира со светло жолта боја, ова едноставно секојдневно вино нуди пријатен овошен вкус и свежина. Се комбинира со специјалитети од бело месо, салати или разладено за шприцер со вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С.

    Прочитај повеќе
  • Розе

    Суво розе вино произведено со примена на бела технологија од бленд на сортите Вранец и Картошија. Се карактеризира со нежна розе боја, ова вино изобилува со ароми на црвено ситно овошје и јагоди со пријатен овошен вкус и свежина.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо и ладни предјадења или се ужива во самото вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С.

    Прочитај повеќе
  • Кантри Црвено

    Суво црно вино произведено како бленд на Вранец и Станушина. Се одликува со рубин боја и арома на шумско ситно овошје и зрело грозје. Вино со средно тело, со хармоничен вкус и мека танинска структура.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, скара и сирењe.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • Македонско црвено

    Полу-слатко црвено вино произведено од сортата Вранец кое се одликува со ароми на зрело шумско овошје и суви сливи. Вино со средно тело, хармоничен вкус и балансирани танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, скара и е идеален избор за греано вино.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Прочитај повеќе
  • DW Muscat White

    Десертно фортифицирано вино добиено од сортата Мускат Отонел. Се одликува со златно-килибарна боја и ароми на сируп од бозел, темен мед, карамела, дуња и поттонови на ванила и цимет. Раскошно вино со полно тело и сладок вкус на сушена кајсија, дуња, надополнето со тофи поттонови и добри киселини.
    Се комбинира со пита од јаболка, сутлијаш со цимет, пана кота, крем бруле и десерти со карамела.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Прочитај повеќе
  • DW Port Macedonian

    Десертно фортифицирано вино добиено од интернационалните сорти Ризлинг и Шардоне, како и регионалните: Жупјанка, Жилавка и Смедеревка. Се одликува со килибарна боја и ароми на мед, карамела, слатко од дуња и поттонови на ванила. Вино со полно тело каде се испреплетуваат вкусови на сушени кајсии, кандирана кора од портокал, поткрепено со добра киселина и долготраен послевкус на карамела.
    Се комбинира со туфахија (печено јаболко со ореви и крем), сутлијаш со цимет, крем бруле и десерти со карамела и кафе.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Прочитај повеќе