ProWein 2019

ProWein 2019

ProWein 2019

Уште едно грандиозно издание на ProWein кое докажа дека е најважниот саем во светот на виното. 6.900 изложувачи, 61.500 посетители од 142 земји, 100.000+ вина.

За Имако тоа беа значајни 3 дена на изложување каде ја претставивме нашата нова колекција во портфолиото Constellation (Соѕвездие) која вклучува 4 вина од сортите Вранец, Каберне Совињон, Мерло и Шардоне, вина од микролокатитет кои се здреени во дабови буриња на водечкиот француски бренд Seguin Moreau. Дегустациите покажаа дека станува збор за навистина сериозни и комплекси вина, со одличен потенцијал за развој.

Познатата британка Caroline Gilby MW одржа 2 мастер часови каде говореше за фантастичните вина од сортата Вранец и нашиот Vranec Black Diamond како и потенцијалот за афирмација на светската винска сцена.