Ракијата Ж’та Стрела ја освои најпрестижната награда “Шампион на квалитет“ на ISCRO 2018

Ракијата Ж’та Стрела ја освои најпрестижната награда “Шампион на квалитет“ на ISCRO 2018

Ракијата Ж’та Стрела ја освои најпрестижната награда “Шампион на квалитет“ на ISCRO 2018

Лозовата ракија Ж’та Стрела на Имако Вино е прогласена за најдобар производ или “Шампион на квалитет “ на меѓународното оценување на јаки алкохолни пијалоци ISCRO 2018 кое се одржа во Загреб. Покрај освоеното злато за Перла (мускатна ракија) и сребро за Мераклиска (природна лозова ракија), ракијата Ж’та Стрела ја понесе најпрестижната титула.

ISCRO 2018 се одликуваше со силна конкуренција на пријавени 89 јаки алкохолни пијалоци од 9 земји. Оценувањето на кавалитетот на алкохолните пијалоци се одвиваше преку слепа дегустација согласно критериумите на Меѓународната организација на лозарство и винарство (OIV) од страна на жири од врвни хрватски специјалисти за пијалоци.

Во хрватските медиуми се одекна веста “Македонците ја понесоа најпрестижната титула Шампион на квалитетот “. Оваа награда ни е особено драга бидејќи и покрај силната конкуренција успеавме да докажеме дека дестилеријата на Имако Вино може да се смести заедно со врвни производители на јаки алкохолни пијалоци од поширокиот регион. Исто така, целиот вложен труд во селекција на врвен вински дестилат и инвестицијата во современа дестилерија се крунисаа со освојување на овие престижни награди.

 

 

Листа на доделените награди може да се најде на официјалната страна  http://www.giupp.hr/hr/odrzan-iscro-2018/