Chardonnay

Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со кристална лимон боја и ароми на тропско овошје како свежо пресечен ананас, пасирана банана и маракуја. Вино со средно тело кое на вкус изобилува во тропско овошје надополнето со суптилни ноти на даб и ванила, пријатна свежина и зачински финиш на бел бибер, а сето ова проследено со хармонична киселина.
Се комбинира со паста со бели крем сосови, специјалитети од бело месо како пилешко и мисирка, риба и морски плодови.
Препорачана температура на служење:  8-12 °С

Category: Product ID: 1843

Additional information

Aлкохол:

12,5%

Волумен:

0,75 л