Black Diamond Vranec

Суво црвено вино добиено од сортата Вранец, зреено во дабови буриња 18 месеци. Арома на пријатна блажина на даб која се прелева во ароми на темно шумско овошје, црни сливи и црвена пиперка. На вкус има слоеви на темно ситнозрнесто овошје, џем од сливи, како и темно чоколадо со поттонови на сушени лисја од тутун и зачинска слатка нота. Елегантно и големо вино со пријатни киселини и свиленкасти танини кои ќе придонесат виното да има потенцијал за зреење во годините кои доаѓаат.
Се комбинира со специјалитети од месо како печено јагнешко, говедско и срнечко.
Препорачана температура на служење: 16-18 °С

Категорија: Product ID: 1861

Дополнителни информации

Aлкохол:

14%

Волумен:

0,75 л