Discover

Discover

Колекцијата Discover вклучува вина произведeни од автохтони и интернационлани сорти на грозје. Црвени и бели вина во различни стилови од суви до полу-слатки. Вина со одлична структура, изразени овошни ароми, прекрасен баланс и питкост.

Showing all 9 results

  • Chardonnay

    Суво бело вино добиено од сортата Шардоне. Се одликува со кристална лимон боја и ароми на тропско овошје како свежо пресечен ананас, пасирана банана и маракуја. Вино со средно тело кое на вкус изобилува во тропско овошје надополнето со суптилни ноти на даб и ванила, пријатна свежина и зачински финиш на бел бибер, а сето ова проследено со хармонична киселина.
    Се комбинира со паста со бели крем сосови, специјалитети од бело месо како пилешко и мисирка, риба и морски плодови.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Повеќе
  • Riesling

    Суво бело вино добиено од сортата Ризлинг. Се одликува со лимон -жолта боја и ароми на јаболко, лушпа од лимон и ноти на саќе од мед и бели цветови. Вино со средно тело и пријатна свежина, мека текстура и полн завршеток.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо, риба и морска храна и салати.
    Препорачана температура на служење:  8-12 °С

    Повеќе
  • Muscat

    Полуслатко бело вино добиено од сортата Мускат Отонел. Се карактеризира со златно-жолта боја и изразени овошно-цветни ароми на бозел, зрело цитрусно овошје и саќе од мед. Вино со средно тело кое на вкус изобилува во цитрусно овошје, праска и мед проследено со пријатна освежувачка киселина и фин завршеток.
    Се комбинира со свежи салати и лесни јадења со зеленчук, а може да се консумира и ужива и без храна.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С

    Повеќе
  • Cabernet Sauvignon

    Суво црвено вино добиено од сортата Каберне Совињон. Се одликува со темно црвена боја и ароми на црвено зрнесто овошје, црвени сливи и зрела вишна проследено со зачински ноти. На вкус изобилува со ароми на вишна и црни маслинки проследено со долготраен послевкус на мелен црвен пипер. Вино со средно тело, меки танини и хармонична киселина.
    Се комбинира со јадења со црвено месо, паста Болоњезе и избор на полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе
  • Merlot

    Суво црвено вино добиено од сортата Мерло. Се одликува со интензивна рубин црвена боја и ароми на црвени цреши и сливи. На вкус изобилува со овошни ароми на дренки и мелено какао со долготраен послевкус. Вино со средно тело, меки танини и хармонична киселина.
    Се комбинира со специјалитети од месо, месо на скара и паста со црвени сосови.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе
  • Pinot Noir

    Суво црвено вино од сортата Пино Ноар. Се одликува со прекрасна црвена боја, надополнета со ароми од црвено зрнесто овошје, цреша и нежни цветни ноти. На вкус изобилува со арома на црвено ситно овошје, брусница и цреша. Елегантно вино со меки танини и хармонична киселина придружени со пријатен долготраен послевкус.
    Се комбинира со полномасно сирење, пршута, специјалитети од месо вклучувајќи патка и дивеч.
    Препорачана температура на служење: 12-16 °С

    Повеќе
  • Vranec Black Label

    Суво црвено вино добиено од сортата Вранец. Се одликува со интензивна рубин црвена боја и ароми на темно зрнесто овошје како зрела цреша, капини и сливи надополнети со дикретни ноти на тутун. Вкусот е рефлексија на аромите кои ги осеќаме на нос со дополнителни вкусови на боровница како и зачински и поттонови на дим. Вино со полно тело, припитомени и меки танини и пријатна киселина.
    Се комбинира со јадења со црвено месо, дивеч и полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе
  • Astibo Black Label

    Суво црвено вино добиено од сортата Вранец кое е одлежано во дабови буриња 6 месеци и уште 6 месеци во шише. Се одликува со интензивна рубин боја, со ароми на црвено шумско овошје и зрели цреши надополнети со ноти од ванила и бели зачини. Вино со полно тело, меки танини и хармоничност на киселините.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, печен дивеч и полномасни сирења.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе
  • Astibo Macedonian Red

    Полуслатко црвено вино добиено од сортата Вранец. Се одликува со длабока рубин боја и ароми на зрело овошје особено зрели сливи, цреши и капини. Вкусот ја следи аромата оставајќи пријатен долготраен послевкус. Вино со средно тело , меки танини и хармонични киселини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, паста со црвени сосови и избор од полномасно сирење.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе