Традиционални вина

Традиционални вина

Колекцијата Традиционални вина го опфаќа асортиманот на трпезни вина од автохтони сорти на грозје Смедеревка и Вранец како и бленд од овие две сорти со други типични за нашето поднебје. Извонредни секојдневни вина, од суви до полуслатки кои нудат одлична вредност за цената.

Showing all 4 results

  • Смедеревка

    Суво бело вино произведено од автохтона сорта грозје Смедеревка. Се карактеризира со светло жолта боја, ова едноставно секојдневно вино нуди пријатен овошен вкус и свежина. Се комбинира со специјалитети од бело месо, салати или разладено за шприцер со вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С.

    Повеќе
  • Розе

    Суво розе вино произведено со примена на бела технологија од бленд на сортите Вранец и Картошија. Се карактеризира со нежна розе боја, ова вино изобилува со ароми на црвено ситно овошје и јагоди со пријатен овошен вкус и свежина.
    Се комбинира со специјалитети од бело месо и ладни предјадења или се ужива во самото вино.
    Препорачана температура на служење: 8-12 °С.

    Повеќе
  • Кантри Црвено

    Суво црно вино произведено како бленд на Вранец и Станушина. Се одликува со рубин боја и арома на шумско ситно овошје и зрело грозје. Вино со средно тело, со хармоничен вкус и мека танинска структура.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, скара и сирењe.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе
  • Македонско црвено

    Полу-слатко црвено вино произведено од сортата Вранец кое се одликува со ароми на зрело шумско овошје и суви сливи. Вино со средно тело, хармоничен вкус и балансирани танини.
    Се комбинира со специјалитети од црвено месо, скара и е идеален избор за греано вино.
    Препорачана температура на служење: 16-18 °С

    Повеќе