Градоначалникот Захариев во посета на „Имако“ вино од Штип

25/06

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев денес беше во посета на винаријата „Имако“ во Штип. Имајќи во предвид дека „Имако“ е општествено-одговорна фирма која ја поддржува локалната самоуправа во реализација на проекти, ова беше можност градоначалникот да се запознае одблиску со нивната работа, но и со евентуалните проблеми:

- Она што го видов во „Имако“ ме воодушеви…ова е најдобар пример за успешно раководење со семеен бизнис. Знаев дека трите винарии во Штип произведуваат околу 30 милиона литри вино, кои се пласираат на странски пазари, од кои само „Имако“ произведува 12 милиона литри. Она што посебно ми остави впечаток е контролата на квалитет, со сите параметри, што покажува дека во „Имако“ ништо не е оставено на случајноста и овде се прави производ со најстрог квалитет. Им посакувам многу успех, бидејќи нивниот развој е можност и за развој на винскиот туризам, бидејќи Штип е поднебје кое е погодно за лозови насади, за преработка на грозје, а токму оваа винарија како и преостанатите се солиден пример за развој на Штип во оваа насока. Ова е типичен пример на успех, кој е гордост за Штип а ние како локална самоуправа само можеме да посакаме проширување на капацитетитe и секогаш ќе бидеме тука да помогнеме ако е потребно тоа – изјави Захариев.

imako3Никола Љуботенски, пазарен развоен менаџер во „Имако“ вели дека и оваа година се очекува винаријата да го оствари истото количество на проивезедено вино:

- Во овој бизнис вообичаено се вели, додека грозјето е на плантажите, тоа е во рацете на господ а кога ќе дојде кај нас, веќе ние ја преземаме грижата за него. Без оглед на сите временски непогоди, и на временските прилики изминатите месеци кои не беа идеални, ние не очекуваме промена во производството на предвидените количини вино. Имаме пласирано околу 8 милиона литри, но се уште сме во фаза на продажба така што на овој план сме задоволни од текот на работите. Ние извезуваме претежно во централна Европа, наш постојан партнер е Германија, традиционално сме присутни во бившите ју-републики, но имаме и прекуокеански извоз. Имаме пласман и во Канада преку ретејлери, исто така веќе неколку години сме на пазарите во Кина, во Тајван, Во Јужна Кореја. Нашите производи имаат врвен квалитет и се барани на пазарите.

imako5Според Љуботенски, нивната работна филозофија не е да се продаде вино само за една година, туку сакаат постојан пласман заради што работат на продолжување на соработките и проширувањето на извозот, на пазарите на кои веќе имаат сигурен влез. „Имако“ е винарија која во кругот на фабриката исто така од лани работи на проширување на капацитети за вино со можност за нови количини од околу 1 милион литри вино, но исто така работи на винска промоција преку креирање на клуб во кој познати личности можат да уживаат во виното а со самото тоа, да го шират добриот глас за тоа дека Штип а и Македонија располага со вистински вински производ кој е квалитетен и одличен.

25/06/2014 Превземено од: http://www.1.mk/gradonacalnikot-zahariev-vo-poseta-na-imako-vino-od-stip-semejna-firma-koja-e-dokaz-za-kvalitet-i-uspeh/