Главен аспект во производството на вино во винаријата ИМАКО ВИНО е ставот дека производството на вино не е индустриски, туку креативен процес.

Одгледувањето и бербата на грозјето се производ на вредна работа преку целата година. Но, тоа е само почеток во потрагата по поголем квалитет и перфекција на вината на нашата визба. Нашиот став кон производството на вино е дека виното е жива материја која постојано треба да се надгледува и негува.

Секој чекор и секоја одлука во производството на вино го следи календар кој го означува влијанието на природата: созревањето на грозјето, неговата преработка, ферментацијата на виното. Секој чекор го посветуваме во искрена потрага на подобар квалитет и совршеност.

Задоволството на пиење на вино со вкус и арома токму онаков каков сме го замислие ја надминува целата долотрајна годишна работа, преработка и чекање за тој момент на вистина.

Користењето на модерна технологија во визбата ИМАКО ВИНО е со цел да се усовршат различните фази во производството на вино. Никој од нас не верува дека технологијата може да го замени човекот, зошто токму тој – човекот – може да ја цени радоста на чаша совршено Македонско вино.

Модерното производство на вино ни дава предност да ги усогласиме новите техничко-технолошки методи со старите традиции во производството на вино. Со соединувањето на традицијата и иновацијата винарската визба ИМАКО ВИНО ја остварува крајната цел – производство на квалитетни вина за секоја трпеза.

“Секој винар би можел да направи добро вино во мали количини. Но, да се направи добро, квалитетно вино за голем број на луѓе е вистинскиот предизвик. Но, според нас тоа е винарство во вистинската смила.“  

ИМАКО ВИНО