Во потрагата на поголемо портфолио на производи за нашите потрошувачи, се решивме на важен чекор – инсталација на комплетно нова линија за дестилирање на вино. Новата линија за дестилирање на вино е сместена на површина од 2500м2 по проект работен од проектантска куќа од Чешка Република. Содржи две колони за дестилирање изработени од бакар и инокс за да овожми додадена вредност во секој чекор од процесот на дестилација на врвни вински дестилати.

Ваквото модерна линија за дестилација, заедно со внимателна селекција на суровината за дестилирање ни овозможува одлични услови за добивање на вкусни капки ракија и бренди.

Нашето искуство во набавка на квалитетна суровина на грозје ја применуваме и во производството на вински дестилати. Преку бавно, многу бавно дестилирање и почитување на секој процес во магијата на дестилирање ги добиваме за Вас најдобрите алкохолни пијалоци.