Винаријата е опремена со иноксни танкови од различен капацитет со цел да се овозможи селекција на повеќе видови грозје и презервација на виното. Процесот на винификација се одвива во посебни бели и црвени универзални ферментатори, како и рото-ферментатори за црвено вино. Целиот процес на винификација е строго контролиран преку автоматската контрола на температурата за време процесот како и од стручниот тим на енолози.
Посебни типови на грозје се подлежни на масерација со цел добивање на комплексност на бојата и аромата на виното.
Одделот за финализација е опремен со кристал-стоп систем кој овозможува беспрекорно бистрење на виното. За добивање на полу-слатки вина се користи системска пастеризација на виното.
Имако Вино е во можност да полни повеќе типови на пакувања. Палетата на амбалажа во стакло се движи од 0,5л , 0,75л, 1л и 1,5л. Истовремено, економични пакувања во бег-ин-бокс варијанта се достапни во 2л, 3л, 5л и 20л волумен. ПЕТ-ПАК амбалажата овозможува економичност на потрошувачите при користење на вино за брза потрошувачка. Вината во оваа амбалажа се достапни во 1л, 2л и 3л пакување.




Голем фокус ставаме и на константниот мониторинг и контрола на виното во нашата хемиската и микро-биолошката лабораторија.Комбинацијта на технологија и традиција ни овозможува да ја оствариме нашата крајна цел која е да произведеме квалитетно вино во кое голем број на купувачи ќе може да уживаат. Ова го потврдува и согласноста со меѓународните стандарди за производство на безбедни производи. ИМАКО ВИНО е сертифициран по ISO 22000: 2005 стандардот за производство на безбедни производи и HACCP.