Македонија. Незаборавно име кое поттикнува слики на минато, голема цивилизација и прекрасна природа. Топла и приемлива земја во самото срце на југо-источна Европа.

Географската положба на Македонија, плодните почви и поволните климатски услови се како по мерка за одгледување на лозови насади и формација на изразени вкусови на специфичните сорти грозје. Македонија има околу 35 000 ha лозови насади кои овозможуваат производство на солидни количини на вино. Македонија е поделена на три поголеми вински региони: Осоговски, Повардарски и Пелагонски.

Винарстовото е благословено и од традициите, овозможувајки им на македонските винари чувство на уникатност и континуитет од старите обичаи стари околу 2000 години. Традицијата за винарство потекнува од античките времиња на Александар Македонски и кралската фамилија за кои е добро познато дека биле големи уживатели на добро вино. Традицијата за грозје и винарство продолжува низ вековите и е присутна до овој ден. Во денешно време, гроздоберските денови се исполнети со песни, а винарите ги повикуваат своите пријатели да ја пробаат гроздовата шира. Еднаш годишно, на 14ти фебруари, македонските винари и лозари го слават името на нивниот заштитник, Св. Трифун, а денот го поминуваат во слава за винарството, љубовта кон доброто вино и го исполнуваат со желби за бериќетна година.