Винарската визба ИМАКО ВИНО поседува сопствени лозови плантажи и има склучено долгогодишни договори за соработка со ко-операнти – произведувачи на грозје како и со индивидуални земјоделски производители. Вкупната површина на лозовите насади изнесува околу 650 хектари.

Лозовите плантажи се наоѓаат во централниот и источниот дел на Македонија, во Повардарискиот вински регион во повеќе виногорија. Овој регион пружа оптимални агроеколошки услови за одгледување на виновата лоза, поради застапеноста на правилните типови почва, климатските услови и незагаденоста на винскиот регион. Од типовите почва присутни се рендзини, смолници и дилувијални почви. Климатските услови се повеќе од прифатливи со просечен број на сончеви часови од 2293 часа и просечна температура на воздухот 12,4-14,8 °C.



В.В. ИМАКО ВИНО прави континуирани позитивни чекори во организацијата на развој на лозовите насади врз база на нови сознанија и достигнувања во науката, воведување на интензивна технологија на одгледување на поединечните сорти грозје во зависност од нивните особини и го подобрува асортиментот во зависност динамиката на пазарите.