Историјата на винарската визба ИМАКО ВИНО започнува во 1989 година со основањето на Интернационалната Македонска Компанија – ИМАКО. Во почетокот главната дејност е трговија со вино, но во 2002 год. ИМАКО ВИНО започнува со изградба на сопствена винарија. Винарската визба ИМАКО ВИНО се наоѓа во живописен предел на Овчеполското виногорје, во близина на градот Штип (Повардарски вински регион).



Капацитетот на визбата е 10 милиона литри вино, што ја означува ИМАКО ВИНО како трета најголема визба во Р. Македонија. Предноста на визбата не е само во нејзиниот капацитет, туку и во техничко-технолошката опременост на визбата. Опремата која се користи во производството на вино е од реномираниот италијански производител Della Toffola и во чекор со најновите трендови во технологијата за производство на вино. Исто така, визбата е опремена и со модернизирана опрема за флаширање од италијанскиот бренд Fimer со капацитет од 3000 шишиња на час како и опрема за производство на Bag-In-Box и Pet- Pak пакувања .

Ваквата техничко-технолошка опременост на ИМАКО ВИНО означува дека оваа визба е подготвена да понуди квалитетно вино за широка потрошувачка во поширок асортиман на пакувања.

Нашата Визија е сонот на компанијата, каде го гледаме брендот ИМАКО ВИНО во блиска иднина.

ИМАКО ВИНО цели да постигне препознатливост на домашниот и глобалниот пазар како бренд кој нуди квалитетно вино за секоја маса.

Ова ја отсликува нашата мисија за достапност на квалитетно вино до секој корисник со оглед на неговите куповни можности. Затоа ИМАКО ВИНО настојува да го зголеми своето портфолио на пакувања и да понуди избор на вина кои би го задоволиле секој вкус, овозможувајки достапност во уживањето за секојдневниот корисник.